Руското МНР во засега не гледа основа за разговори за продолжување на дијалогот за стратешка стабилност и контрола на вооружувањето со САД, објави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Тој рече дека Москва и Вашингтон „разменуваат сигнали за Украина“ преку затворени канали на воено и политичко ниво, пренесе Интерфакс.
Рјабков додаде дека Русија е подготвена да ги слушне предлозите на новиот американски претседател Доналд Трамп за решението на кризата во Украина, но нагласи дека нема едноставно решение.
„Ние сме исклучително темелни, одговорни и внимателни кон сите идеи предложени за ова прашање“, рече Рјабков, пренесе Интерфакс.
Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Трамп за неговата победа на американските избори во четвртокот, го пофали за неговата храброст откако вооружен маж се обиде да го убие во јули и рече дека Москва е подготвена за дијалог со Трамп. Путин додаде дека изјавите на Трамп за обидите да се стави крај на војната се вредни за внимание.
Трамп за NBC изјави дека не разговарал со Путин за неговата изборна победа, но дека „мисли дека ќе разговара“.
Рјабков рече дека прекинувањето на дипломатските односи со САД се уште е можно.
Тој ја коментираше и ажурираната руска нуклеарна доктрина и рече дека таа ќе овозможи „вртење кон нуклеарната опција“ доколку дојде до акутна криза во односите со Западот и ситуацијата во Украина, пренесе овој портал.