САД и Русија со меѓусебни обвинувања за провокација во Советот за безбедност на ОН

Тензиите меѓу САД и Русија поради кризата околу Украина во понеделникот се преселија и на седницата на Советот за безбедност при Обединетите нации на кој дипломатите на двете постојани членки ги изнесоа своите ставови.

Русија не успеа да го запре одржувањето на седницата којашто ја нарече „провокативна“ средба на Советот за безедност на темата прегрупирање на нејзините сили, што претставува своевиден нонсенс бидејќи станува збор за разместување сили на територија на самата суверена земја, кои САД и повеќето нивни сојузнички членки на ова 15-члено тело на ОН го сметаат „закана за меѓународниот мир и безбедност“.

„Заканата за агресија на границата со Украина е провокација. Нашиот увид во фактите на теренот тоа не се. Провокацијата доаѓа од Русија, не од други членки на овој совет“, изјави американската амбасадорка во Советот за безбедност, Линда Томас-Гринфилд.

Ја обвини Русија, повторно без приложување докази, дека наводно стационирала повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница и дека наводно „подготвува офанзивна акција“ во соседната држава.

Амбасадорката тврдеше дека Вашингтон наводно поседува информации дека Москва на почетокот од февруари планира да доведе уште 30.000 војници во Белорусија, која исто така граничи со Украина.

Рускиот амбасадор Василиј Небензја посочи дека „нема докази ниту факти“ дека Москва наводно планира воено да дејствува против Украина, истакнувајќи дека Русија постојано тоа го предочува.

„Нашите западни колеги зборуваат за потреба од деескалација. Во прв ред, тие самите ги подигнуваат тензиите и имаат реторика којашто поттикнува ескалација. Дискусијата за закана од војна е провокативна самата посебе. Вие речиси и да повикувате на тоа. Вие сакате тоа да се случи. Го очекувате тоа, како да сакате да се остварат вашите зборови“, возврати Небензја.

Истакна дека Русија „не се плаши“ да дискутира за Украина, но дека не ја гледа целта на состанокот. Нембензија додаде дека Москва никогаш не потврдела колку војници навистина има во близина на границата.

„Сега е потребна тивка, а не дипломатија на мегафоните“, рече кинескиот амбасадор во ОН, Жанг Џун.

Дискусијата во понеделникот се одвива по иницијатива на САД, а за тоа ѝ беа потребни уште девет гласови. Така, вкупно десет членики беа „за“, Русија и Кина беа „против“, а Индија, Габон и Кенија беа воздржани. Русија, покрај САД, Кина, Франција и Велика Британија, е постојана членка на Советот за безбедност со право на вето на резолуциите.

Советот за безбедност поради ситуацијата во Украина се состана десетина пати по превратот поддржан од Западот во март 2014 година, што предизвика црноморскиот полуостров Крим со два референдума да си ја поврати автономијата укината во 1990 година откако во составот на Украина бил воведен во 1960-те години во времето на СССР и да изгласа присоединување на Руската Федерација што Западот го смета за нелегална анексија.

Се дискутираше и за воениот конлфикт меѓу владините сили под контрола на сегашна власт во Киев откако доминантно руските и рускојазични источни региони самопрогласија независност како реакција на одлуката на прозападната украинска влада да го укине рускиот јазик како официјален, да наметне неизбрани гувернери во југоисточните региони.