САД и Украина дискутираат за опасноста од ескалација поради новото оружје, Лавров предупреди

Имајќи предвид дека САД и нивните сојузници по долгите години обуки и вложувања во украинската армија од почетокот на руската инвазија го снабдуваат Киев со сѐ пософистицирано оружје, Вашингтон повел дискусии со украинската страна за опасноста од ескалација во случај да продолжи со ракетирања во руската внатрешност, изјавиле неименувани американски извори за Reuters, откако шефот на руската дипломатија претходно во четвртокот повторно предупреди на престанат испораките на оружје за Украина со кое може да изведува напади врз руска територија.

Во дискусиите далеку од јавноста, кои имаат многу чувствителна природа и за нив досега ништо не протече во медиумите, не биле наведени експлицитни географски ограничувања за користењето на оружјата што Западот ѝ ги испорачува на Украина. Но со разговорите се сака да се постигне меѓусебно разбирање за опасноста од ескалација, рекле за Reuters тројца неименувани американски функционери и дипломатски извори.

„Загрижени сме поради околу можна ескалација, но сѐ уште не сакаме да поставуваме географски ограничувања, ниту да ги ставиме во безизлезна ситуација поради оружјата коишто им ги даваме“ на украинската страна, рекол еден од тројцата американски функционери под услов да остане анонимен.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и американските сојузници се сѐ поподготвени на Украина да ѝ достава оружје со долг дострел, како и веќе испорачаните хаубици „М777“ за кои руското министерство за одбрана претходно седмицата објави дека веќе уништило неколку батерии со ова оружје распоредени во Донбас.

Според извештајот на Пентагон од минатата седмица, Данска на Украина ќе ѝ испорача противбродски ракети „Harpun“, за Киев дополнително да го зголеми својот дострел, но според извештаите од претходно, украинските сили веќе ги користеле овие проектили.

Иако западните разузнавачи тврдат дека Украина дала силен отпор и дека може да победи во војната против Русија и сакаат да ја вооружат за да успее во тоа, се чини дека се веродостојни извештаите на Москва за уништување големи пратки западно софистицирано оружје во Украина.

Американските функционери за Reuters рекле дека администрацијата на Бајден ја разгледува можноста да ја снабди Украина со топовски ракетен систем со висока подвижност „M142“ (HIMARS), којшто зависно од муницијата може да има дострел од повеќе стотици километри.

Меѓутоа, американските разузнавачи предупредиле на зголемениот ризик, од како што оцениле несразмерноста на амбициите на рускиот претседател Владимир Путин, иако тие остануваат непознати, и наводната неефикасноста на руските сили, и покрај тоа што една од главните цели на целосното поврзување на Крим со Донбас е остварена и се проширува областа под контрола на сепаратистичките проруски сили на истокот на Украина.

„Во следните месеци војната би можела да тргне по непредвидлив пат, кој потенцијално би можел да ескалира“, изјавила директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хајнес на сослушување одржано во Сенатот претходно во мај.

Украина во повеќенаврати во текот на војната потврди дека извела напади во пограничните места на руска територија кај градот Белгород, па и подалеку во внатрешноста, но главно се ограничува на обиди за изведување диверзантско-субверзивни акции.

Според тврдењето на еден од неименуваните дипломатски извори на Reuters, постоеле „јасни индиции дека Киев ја разбира чувствителната природа на каква и да е прекугранична акција“, Украинските функционери секогаш даваат спротиставени изјави со потврди и негирања на таквите акции, а САД никогаш не ги коментираат таквите извештаи.

 

Лавров ги предупредува „разумните што останале“ на Западот

Претходно во четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди западот дека снабдувањето со оружје на Украина кои може да погоди цели на руска територија претставува „несериозен чекор кон неприфатлива ескалација“.

Лавров за телевизијата RT Arabic изјави дека се надева дека разборитите луѓе на Западот ќе ја разберат неговата порака, и додаде таму (на Западо) „сѐ уште има некој таков“.

„Западот повика воено да биде победена Русија, а за тоа му е неопходно да ја продолжи војната, да се трупаат со оружје украинските националисти, украинскиот режим, меѓу другото и со оружја кои можат да достигнат до Руската Федерација. Токму такво оружје јавно бара Зеленски“, рече Лавров.

Додаде дека Москва повеќепати предупредувала за можните последици од таквите одлуки на Западот.

„На најсериозен начин го предупредивме Западот дека тие, всушност, водат прокси војна со Русија, со рацете, телата и мозоците на украинските неонацисти, но тоа ќе биде чекор кон неприфатлива ескалација. Се надевам дека здравите умови на Западот, ги има, таму уште малку такви останаа, го разбираат тоа“, истакна Лавров.