![juzna koreja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/juzna-koreja.jpg?resize=500%2C333&ssl=1)
Американската и јужнокорејската војска извршиле пробни лансирања на проектили како одговор на севернокорејските ракетни тестови, објави ноќта кон понеделникот службената јужнокорејска новинска агенција Yonhap повикувајќи се на Комитетот на началниците на генералштабовите на Јужна Кореја.
Според информациите на агенцијата од 4,45 до 4,55 часот во понеделникот по локални време, односно 21,45 до 21,55 часот во неделата по македонско време, биле лансирани осум проектили „врз различни цели“.
„Заедничкото лансирање на рекетите од класата ‘земја-земја“ на САД и Јужна Кореја ја демонстрираше способноста и подготвеноста да се изведат брзи високопрецизни удри против извори на провокација“, соопштил јужнокорејскиот команден центар во очигледното предупредување наменето во прв ред кон Северна Кореја.
Според информациите од јужнокорејската војска, во неделата Севверна Кореја истрелала осум балистички ракети со кус дострел кон Јапонското Море. Командата во Сеул посочи на неколку лансирни точки, вклучително и аеродромот Сунан во близна на севернокорејската престолнина Пјонгјанг, околината на градот Каечон во провинцијата Пјогнанам-до, округот Дончанг во провинцијата Пјогнанбуук-до, Хамхун во провинцијата Хамгјонгнам-до.
Според јужнокорејската армија, ракетите прелетале растојанија од 110 до 670 километри, на височини меѓу 25 и 90 километри, со брзина од 3 до 6 маха. Најмалку две од нив завршиле во Јапонското Море.
Од почетокот на годината, Северна Кореја изврши вкупно 18 лансирања, вклучително и на интерконтинентална балистичка ракета за која тврдеше дека е хиперсоничен проектил, балистички ракети истрелани од подморници, сателитски системи и нов тактички систем за нуклеарно оружје.