По Европската унија и САД им доделија на Украинците на својата територија статус на „привремена заштитат“ врз основа на кој имаат право на работа и на заштита од прогонување.
„Во ова време на војна и безумно насилство продолжуваме да им пружаме помош и заштита на Украинците во САД. Го осудуваме овој напад без причина….“, изјави американскиот министер за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас во соопштението за јавноста а на видео снимката објавена на социјалните мрежи наведу дека е „горд“ поради доделувањето на таквата заштита.
Мерката која ќе биде на сила следните 18 месеци, се применува на Украинците кои влегле во САД до 1-ви март а не и на оние кои сега или во однина ќе бегаат од судирите.
Американските власти не наведуваат за колкав број лица станува збор, а медиумите пишуваат дека околу 4.000 Украинци немаат егулиран статус во САД и им се заканува прогонување во моментот на прогласување на оваа мерка, а на речиси 30.000 наскоро им истекува студентската или туристичката виза.
Неколку конгресмени побараа од администрацијата на претседателот Џо Бајден на Украинците да им се додело заштитниот статус. Меѓу нив бепе демократскиот сенатор Чак Шумер кој рече дека е среќен поради оваа одлука и дека „САД се на страната на украинскиот народ“, според неговата објава на Twitter. \
Американската одлука има многу помала важноста отколку онаа донесена во ЕУ чии 27 членки во четвртокот едногласно решија да им доделата „привремена заштита“ на украинскиот бегалци кои бегаат од војната во нивната земја, без разлика дали станува збор за државјани или за долгогодишни резиденти на оваа земја.
Таа ќе им овозможи да престојуваат во ЕУ една година, со можност за продолжување, да имаат право на работа, образование или здравствена грижа.