Американските власти им забранила на руските дипломати да ги посетат гробовите на советските воени пилоти во воена база на Алјаска, првпат во поново време, извести руската агенција ТАСС.
Руската амбасада во Вашингтон ноќта кон неделата на апликацијата за размена на пораки Telegram дека група руски дипломати ги посетила Анкориџ, главниот град на сојузната американска држава Алјаска, во петокот и саботата.
„За жал, локалните американски власти без објаснување не им дозволија на дипломатите од амбасадата да ги посетат националните гробишта Форт Ричардсон и да клекнат пред гробовите на советските пилоти и морнари коишто загинаа на Алјаска од 1942 до 1945 година“, изјавила за ТАСС, руската дипломатка Надежда Шумова.
„Обидите преку Стејт департментот да се добие пристап беа неуспешни, дипломатската нота на (руската) амбасадата во таа смисла е игнорирана“, додала Шумова.
Стејт департментот не одговори на барањето за коментар од агенциите ТАСС и Reuters,
На веб-страницата на гробиштата во базата на американската војска Форт Ричардсон се наведува дека за пристап е потребна дозвола. Руските дипломати во минатото без проблеми ги посетувале овие гробишта, потсетува ТАСС.
Според деталните податоци, девет советски воздухопловци, двајца други воени лица и, веројатно, двајца граѓани се погребани на воените меморијални гробишта Форт Ричардсон. Сите тие загинаа или умреле во текот на Втората светска војна за време на трансферот на авиони од САД во СССР во рамките на програмата ленд-лизинг. Станува збор за обид, започнат пред САД да се вклучат во војната, сојузниците да се снабдат со материјали коишто се сметале за клучни за одбраната на националната безбедност на Соединетите држави.