САД имаа рекордна продажба на оружје во 2023 година

Продажбата на американско оружје во странство минатата година, поттикната од руско-украинскиот конфликт, нагло порасна и достигна рекордни 238 милијарди долари, јавува Би-Би-Си.

Американската влада директно преговарала за продажба на оружје во вредност од 81 милијарда долари, што е зголемување од 56 отсто во споредба со 2022 година, потврди Стејт департментот.

Останатите беа директна продажба на американски воени компании на странски земји.