![-1x-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/1x-1.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Соединетите држави ѝ испорачале 100 ткн „дронови камиказе“ од американско производство од типот „Switchblade“ и ги обучуваат украинските војници за нивна употреба, изјави во средата портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
„Сто беспилотни летала Switchblade веќе ги издвоивме од нашите резерви“, рече Кирби на брифингот за новинарите во Пентагон.
Додаде дека овој вид дронови, познат и како „талкачка муниција“, или се веќе во Украина или се на пат кон неа.
Според Кирби, американската војска подучува за нивна примена мала група украински колеги кои се обучувани во САД уште есента 2021 година. Појасни дека за совладување на употребата на „Switchblade“ обично се потребни два дена.
„Станува збор за мала група Украинци кои веќе беа овде на професионална воена обука. Ја искористивме можноста на неколку дена да ги запознаеме и да им дадеме обука, особено за Switchblade“, рече Кирби.
Според портпаролот на Пентагон, групата украински воени стручњаци броела помалку до десет луѓе коишто наскоро ќе отпатуваат во татковината.
„Не ми е познато за ниеден друг американски систем кој е планиран за испорака или веќе е предаден (на Украина) а кој би барал дополнителна подготовка“, рече Кирби.
Пред четири дена Кирби објави дека САД издвојуваат „дополнителна „воена помош“ за Украина во износ од 300 милиони долари. Пакетот вклучува ласерски наведувани ракетни системи, беспилотни летатал од типовите „Puma“ и „Switchblade“ за уништување тенкови и артилерија, оклопни возила, муниција, уреди за ноќно набљудување, термовизори, услуги со сателитски снимки, комуникациски ситеми, митролези и медицински средства.
Како што неодмана беше објавено, во времето на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, САД и доделиле воена помош на Украина во изност од 2,3 милијарди долари, вклучително о 1,6 милијарди долари од почетокот на руската офанзива.