САД испорачуваат потешко и пософистицирано оружје за запирање на руската инвазија на истокот од Украина

САД првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина на Киев ќе му испорачаат пософистицирано и потешко вооружување на Киев, потег што некои од претставниците н администрацијата на Џо Бајден претходно го сметаа за преголем ризик што би можел да доведе до ескалација на судирите.

Списокот со помошта во вредност од 800 милиони долари што САД ќе ја испорача за Украина не е составен само според барањата на Киев, туку и во рамки на подготовките за поинаков начин на војување во пространите рамници на источна Украина, терен што дава воена предност на руските оружени сили, објави Си-Ен-Ен.

Администрацијата на Бајден соопшти дека новиот пакет оружје за Украина вклучува 11 хеликоптери „Ми-17“, 18 хаубици од 155 милиметри, 300 дронови „Свичблејд“ и радарски системи оспособени да лоцираат позиции од каде доаѓаат нападите.

„Тоа претставува пософистицирано и потешко вооружување од претходните испораки“, пренесува „Си-Ен-Ен“.