Барак Обама го известил конгресот дека САД ќе распоредат најмалку 275 припадници на војската до пружат поддршка и помош на персоналот на амбасадата во Багдад.
„Тие сили ќе бидат ангажирани заради заштита на американските граѓани и имоти, доколку биде потребно опремени за борба“, порачал амриканскиот претседател во писмото до пратениците, пренесе Ројтерс.
„Овие сили ќе останат во Ирак се додека безбедносната ситуација не стане таква да тоа веќе не биде потребно“ додаде Обама.
Околу 160 војници веќе се наоѓаат во Ирак, вклучувајќи и 50 маринци, а некои од нив неодамна стигнаа во земјата, прнесе АП.
Исто така, САД ќе испрати уште 100 војници во околните земји, како резерва, доколку се појави потреба од нив, пренесува американската информативна агенција.
Белата куќа тврди дека американскиот воен персона влегува во Ирак во согласност со власта во таа земја.