САД испраќа експериментален лек во Либерија

Либерија, земјата во Западна Африка која е погодена од епеидемија од ебола, од САД ќе добие експериментален лек додека пак Светската здравстевена организација (СЗО) денеска ќе се изјасни за можната примена на тој лек.

„Белата куќа и американската Управа за храна и лекови (ФДА) го огобриле барањето на Либерија за испраќање на експерименталниот серум за лечење на либериските доктори инфицирани со ебола“, сооштија доцна синоќа властите во Монровиј.

Претседателот на Либерија, Елен Џонсон Сирлиф, побара пред четири дена американскиот колега Барак Обама и СЗО да го испратат лекот.

СЗО вчера, зад затворени врати го разгледуваше тоа прашање, а денеска ќе ги соопшти заклучоците донесени од страна на експертите за медицинска етика.

Земјите погодени од ебола, во последните неколку дена се заинтересирани за експерименталниот лек „ZMapp“, кој е произведен во една приватна лабораторија во САД и до сега не е тестиран на луѓе.