САД испратија голема количина оружје во Киев уште пред почетокот на војната

Во два наврата пред почетокот на војната во Украина во 2022 година, во септември и декември 2021 година, САД испратија голема количина оружје во Киев за да се осигураат дека земјата е способна да се одбрани од претстојната руска инвазија, изјави денеска американскиот државниот секретар Ентони Блинкен.

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Блинкен рече дека американските претставници сфатиле дека инвазијата на Украина ќе се случи, поради што сакале да се уверат дека сојузниците и Украина се подготвени.

„Се уверивме дека многу пред руската агресија, почнувајќи од септември и повторно во декември (2021 година), тивко испративме многу оружје во Украина за да се увериме дека тие го имаат она што им е потребно за да се одбранат, работи како што се (проектили) „Стингерс“, „Џавелинс“, кои беа клучни во спречувањето на Русија да го заземе Киев, да ја преврти земјата и да ја избрише од картата“, рече Блинкен.