Надвор од Соединетите држави, изборите на 5-ти ноември често се поедноставуваат како трка за Белата куќа, но за Американците, составот на новиот Конгрес ќе биде исто толку важен. А и овие избори би можеле да бидат тесни како и претседателските, анализира France Presse.
Дали избраниот претседател ќе може да ја спроведе својата програма со поддршка на Конгресот или ќе наиде на отпор и ќор-сокак зависи од исходот од гласањето во стотици изборни единици ширум САД.
„Парламентарните избори не се помалку важни од претседателската трка, бидејќи Конгресот ги дефинира и донесува законите кои влијаат врз животот на луѓето“, смета Корин Фримен од националната организација Future Coalition, којашто поттикнува политички активизам кај младите.
„Конгресот го поставува тонот во клучните области како што се здравството, образованието и животната средина, често со побрзо влијание од претседателските одлуки“, додава Фримен.
Американскиот Конгрес, кој се наоѓа на Капитол хил во Вашингтон, се состои од две дома: Претставничкиот дом и Сенатот. На изборите на 5-ти ноември ќе се одлучува за сите 435 манадати во долниот дом – Претставничкиот дом и за 34 од стоте мандати во горниот дом – Сенатот.
Покрај нивната законодавна улога, двата дома имаат влијание врз надворешната политика, одбраната, трговијата и меѓународната помош. Тие, исто така, ја надгледуваат извршната и судската власт. На пример, кога републиканецот Доналд Трамп беше во Белата куќа, Конгресот го спречи да ја прекине програмата за здравствено осигурување воспоставена од неговиот демократски претходник Барак Обама или да го намали буџетот на Стејт департментот.
До изборите остануваат само неколку дена, а разликата меѓу двете партии сѐ уште е незначителна. Партиите уживаат подеднаква поддршка кога се во прашање изборите за Претставничкиот дом, додека републиканците би можеле да го преземат Сенатот со тесно мнозинство.
Демократите, кои во моментов имаат предност во Сенатот благодарение на едномандатното мнозинство благодарејќи на гаранираното место на акуелната потпретседателка Камала Харис, но во меѓувреме некои нивни сенатори преминаа како независни, се соочуваат со предизвик да задржат две третини од 34-те претставници на изборите во вторник.
Три од тие места се во државите кои гласаа за Трамп на изборите во 2016 и 2020 година: Западна Вирџинија (каде што републиканците речиси сигурно ќе победат), Монтана и Охајо, каде што имаат добри шанси. Победите во тие држави ќе ѝ дадат на Републиканската партија контрола врз Сенатот, под услов да ги задржат своите сегашни места.
Но, демократите се надеваат дека ќе ги надоместат придобивките на републиканците со освојување манати во Флорида и Тексас. Демократската партија на Флорида смета на голема излезност на гласачи поттикнати, како што очекуваат од „референдумот за абортус“ на 5-ти ноември во третата најнаселена држава во нацијата.
Сè уште е можно демократите да ја освојат Белата куќа, Домот и Сенатот, но тоа во никој случај не е најверојатниот исход.
Изборите за двата дома, кои се одржуваат на секои две години, се сметаат за посигурен показател за јавното мислење од трките во Сенатот со оглед на фактот дека сенаторите се избираат за шестгодишен мандат.
Демократите собраа повеќе пари од донации од републиканците во трката за Претставничкиот дом, давајќи им можност да им го одземат мнозинството од републиканците, кои моментално имаат 220 места. Демократите укажуваат на фактот дека сегашниот Претставнички дом, обележан со конфликти и спорови меѓу самите републиканци, е еден од најмалку ефикасните во американската историја.
Според Кит Гади, професор по политички науки на Тексашкиот христијанскиот универзитет, „навистина сè може да се случи“ на 5-ти ноември.
„Нема да знаеме ништо веднаш по изборите и неизбежните правни предизвици по нив. Изборите не се одлучуваат додека не заврши периодот на нивното оспорување“, вели тој.