САД издвои уште 225 милиони долари за израелски антиракетен штит

Американскиот претседател Барак Обама потпиша закон со кој се овозможува дополнително издвојување на 225 милиони долари за израелски антиракетен систем .

Овој систем би бил ефикасен во борбата на Израел против палестинското исламистичко дрвижење Хамас.

Системот ќе им овозможи н а израелските војници да ги пресретнат ракетите кои Палестинците ги фрлаат на територијата на Израел.

САД досега обезбедија стотина милиони долари за овој антиракетен систем, наведува АП, а новиот пакет помош треба да ги зајакне неговите капацитети.

Американскиот Конгрес минатата недела, одобри дополнителни издвојување на средства за израелскиот систем за антиракетна одбрана.

Обама, законот го потпиша доцна синоќа во Белата куќа.