САД изгради прототипови на ѕидови за границата со Мексико (ВИДЕО)

Осум прототипови на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико се изградени во блиизна на Сан Диего. Еден модел во просек чини 486.000 долари. Претседателот на САД, Доналд Трамп сака ѕидовите да бидат помеѓу 5,5 и 9,1 метар високи.

Мексиканците не се импресионирани од оваа идеја.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во јануари потпиша наредба да почне изградба на ѕид долж мексиканската граница што беше едно од неговите клучни ветувањата во кампањата.  Мерката, исто така, предвидува повеќе ресурси за граничната полиција, поголеми простори за приведување илегални имигранти и поголема сигурност дека луѓето ќе бидат депортирани.

Трамп кажа дека изградбата на ѕидот ќе почне за неколку месеци и нагласи дека Мексико ќе плати за проектот, но Мексико не се согласи. Сепак, тој вети дека ќе најде начин како Максико да плати за тоа. Засега трошокот паѓа на американските граѓани.

Дали некои од протитиповите ќе стане вистински ѕид на границата се’ уште не е познато.