САД изолирани во Советот за безбедност околу Голан

Соединетите држави беа изолирани на седницата на Советот за безбедност при Обединетите нации во средата околу одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја признае израелската сувереност над окупираната Голанска висорамнина, додека сите други 14 членки на Советот едногласно беа против американската одлука.

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша во понеделникот придружуван од израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху указ со кој Голанската висорамнина ја прогласува за израелска територија, иако станува збор за окупирана сириска територија во текот на војната од 1967 година.

Сирија во писмото со коешто повика на седницата за оваа тема ги опишува САД како „неподнослив прекршувач“ на резолуцијата на Советот на безбедност при ОН, а Северна Кореја издаде соопштение во коешто ги поддржува „напорите на сириската влада и народот да ја повратат окупираната Голанска висорамнина“.

Британската амбасадорка во ОН, Карен Пирс, рече во Советот дека одлуката на САД е спротивна на резолуцијата од 1981 година, додека заменикот на рускиот амбасадор во светската организација Владимир Шафронков рече дека Вашингтон ја прекршил резолуцијата на ОН, и предупреди дека тоа може да доведе до нестабилност на Блискиот исток. Европските членки на Советот за безбедност, Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска, во вторникот изразија загриженост околу „пошироките последици од признавањето на незаконитата анексија и последиците за Блискиот исток“.

Германскиот амбасадор при ОН, Кристоф Хеузген, мешутоа го опиша сирискот писмо како „длабоко цинично“. „Сириската влада во изминатите осум години наголемо го кршеше меѓунардното воено право и е одговорна за воени злосторства и злосторства против човечноста“, рече Хеузген, алудирајќи на сириската граѓанска војна која започна во март 2011 година, со поддршка на сунитските арапски монархии во регионот зад кои стои Западот.

Но Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Катар и Кувајт, кои се заколнати непријатили на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во вторникот ги критикуваа САД за одлуката за Голанската висорамнина, истакнувајќи дека оваа територија е окупирана арапска територија. Шиитски Иран, исто така, ја поддржа оваа критика.

Израел ја окупираше Голанската висорамнина од Сирија во 1967 година, во една од ткн Блискоисточна војна, ја анектираше во 1981 година во потехот кој 15-те постојани и повремени членки на Советот за безбедност го оцени како „ништовна и неважечка и без меѓународен правен ефект“.Советот за безбедност при ОН на Голан испрати мировни сили за безбедност UNDOF во 1974 година, за да го надгледуваат примирјето меѓу Сирија и Израел на Голанската висорамнина, Таму светската организација сѐ уште има контингент од 800 војници од ткн „сини шлемови“.

Американскиот дипломат Родни Хантер во Советот за безбедност на ОН дека американската одлука за Голан не влијае врз примирјет, ниту го поткопува равојот на мировната мисија. „UNDOF и натаму ја има виталната улога во зачувувањето на стабилноста меѓу Израел и Сирија, а најважно е што осигурива на подрачјето на раздвојувањето да нема воен персонал“, додад Хантер во обраќањето во Советот.