Белата куќа во саботата порача дека е длабоко загрижена поради израелскиот воздушен напад врз училиште во градот Газа за кој локалните власти рекоа дека убиле речиси 100 луѓе, придружувајќи се на осудите за напаите од неколку арапски држави, Турција, Велика Британија и од дипломатијата на Европската унија.
Бегалските палестински семејства се засолниле во училиште во Газа. Цивилната заштита на Газа, чии податоци за жртвите се сигурни според Reuters, објави дека во нападот загинале речиси 100 луѓе. Во училиштето „Ал-Табаин“ биле сместени повеќе 1.000 луѓе, неодамна прими десетици раселени луѓе од градот Беит Ханун, откако израелската армија им налоќи да ги напуштат своите домови.
Израел тврди дека во тој училишен комплекс наводно дејствувале околу 20 милитанти.
„Длабоко сме загрижени поради извештаите за цивилни жртви во Газа по нападот на израелските одбранбени сили врз комплекс во кој имало училиште“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека Вашингтон е во контакт со Израел за да добие информации за тоа што се случило.
Вашингтон е под зголемени домашни и меѓународни критики, вклучително и од групите за човекови права, за поддршката што му ја дава на Израел во неговата десетмесечна инваија во Појасот Газа. Нападот во саботата дојде ден откако портпаролот на Стејт департментот рече дека САД ќе му дадат на Израел 3,5 лијарди долари за купување американско оружје и воена опрема, што Конгресот го одобри во април.
„Знаеме дека Хамас ги користи училиштата како локации за собирање и дејствување, но исто така постојано и упорно кажуваме дека Израел мора да преземе мерки за да ја минимизира штетата на цивилите“, соопшти Белата куќа.
Белата куќа, исто така, предупреди дека „премногу цивили и понатаму се убиени и повредени“ во војната во Појасот Газа и повторно повика на прекин на огнот. Претходно во саботата палестинските здравствени власти дека од почетокот на израелската инвазија ланскиот 7-ми октомври како одговор на нападот на Хамас во јужен Израел, во Газа биле убиени најмалку 39.790 а ранети 92.002 луѓе.
Нападот врз училиштето во Газа го осудија Египет, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Турција. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, рече дека е ужаснат од сликите од училиштето, а британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами го осуди нападот.
Десетици илјади палестински бегалци се засолниле во училиштата во Појасот Газа, од кои повеќето се затворени од почетокот на војната пред 10 месеци. Според Обединетите нации, 477 од 564 училишни згради во Газа биле директно погодени или оштетени до 6-ти јули, а оттогаш биле цел на израелските напади уште повеќе од десетина.