САД извеле во неделата два воздушни удара во Сирија, како што тврд во соопштението Пентагон, врз цели на Иран и „проирански“ групации, во најновиот одговор на низата американски сили во Сирија и Ирак.
Во соопштението американскиот министер за одбрана Лојд Остин наведува дека во нападите била гаѓана „установа за обука“ во близина на градот Албу Камала и „сигурна куќа“ во близина на градот Мајадин.
„Американските сили изведоа прецизни напади денеска (недела) врз цели во источна Сирија што ги користеа Корпусот на гардата на Исламската револуција и групите поврзани со Иран како одговор на тековните напади врз американскиот воен персонал во Ирак и Сирија“, се вели во соопштението на Остин.
Истакнува дека нападите ги наредил претседателот Џо Бајден.
„Претседателот нема поголем приоритет од безбедноста на американскиот персонал и ја нареди денешната акција за јас да се стави до знаење дека САД ќе се бранат себеси, својот перосонал и своите интереси“, вели Остин во писмената изјава.
Не е познато дали овие одмазнички удари се реакција на уривањето на американски воен авион на 10-ти ноември во Медитеранот кој претходно во неделата го призна командата на американсите сили во Европа, при што загинаат пет војници.
Итако беше речено дека несреќата не била резултат на „непријателско дејствување“ додека изведувал вежби во Средоземното Море, во соопштението не беше наведено ниту од каде полетал, ниту каде се случил падот.
Агенцијата Reuters, повикувајќи се на неименувани локални извори, наведува дека цел на неделните американски напади ил камп со кој наводно управуваат неименувани „проирански милиции“ запдно од Албу Камал во покраината Деир-ал-Зор, и место близу мост во близина на градот Мајадин, близу границата со Ирак и база на наводно „проиранска“, односно шиитска милиција.
Ова е трет американски напад од 26-ти октомври, додека САД се обидуваат да ги задушат последователните бранови од напади со бспилотни летала и ракети врз американските трупи во Сирија и Ирак, особено зачестени по почетокот на војната во Појасот Газа меѓу Израел и палестинското сунитско движење Хамас, откако Вашингтон воено и политички го помогна Тел Авив.
Американски функционер, кој сакал да остане анонимен, рекол дека нападите се случиле во првите неколку часа ноќта кон понеделнкот и додал дека во тек е проверка да се утврди дали некој е убиен или ранет.
Американските трупи се нападнати најмалку 40 пати во Ирак и во Сирија. Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира.
Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.
САД и Израел го обвинуваат Техеран ги поддржува Хамас, Исламскиот џихад и либанскиот Хезболах.