![steven-sotloff_606](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/steven-sotloff_606.jpg?resize=606%2C404&ssl=1)
Видеото на Исламската држава на кое е прикажано обезглавувањето на американскиот новинар Стивен Сотлоф, како одмазда за американските воздушни напади на нивната територија во Ирак е автентично, потврди денеска Кетлин Хајден, портпарол на американската Агенција за национална безбедност.
„Американската разузнавачка агенција го анализираше објавеното видео во кој се гледа американскиот државјанин Стивен Сотлоф и ја потврди автентичноста“, вели Хајден.
Американскиот претседател, пак, Барак Обама, денеска е во посета на Естонија и во моментов одржува прес-конференција во Таилн.
Обама изјавил дека убиството на Сотлоф е ужасен чин на насилство и ги предупредува милитантите од Исламската држава дека правдата ќе биде задоволена.