Американските, јужнокорејските и јапонските воени сили започна во понеделникот заеднички воени вежби чијашто цел е да се воочат и следат севернокорејските проектили, објави здружениот штаб на јужнокорејската армија во Сеул.
Северна Кореја на 28-ми ноември успешно тестираше интерконтинентална балистичка ракета, која беше лансирана од полигонот Саин Ни. Проектилот леташе 53 минути во текот на кои прелета близу 1.000 километри, а достигна височина над 4.000 километри, по што падна во ексклузивната економска поморска зона на Јаппонија.
Наводно овој проектил не претставувал закана за САД и нивните сојузници, но експертите и Пјонгјан тврдат дека ја покажал способноста да понесе тешка нуклеарна боева глава и да достигне која и да е цел на американскиот континент. Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун потоа изјави дека неговата земја станала нуклеарна сила.
Овие воени вежби, во кои учествуваат војските на трите сојузнички земји се шестите од јуни 2016 година во близина на невралгичниот Корејски полуостров. Тие треба да траат два дена, а ќе се одржуваат крај корејскиот и близу јапонскиот брег.
„На вежбите воени броови од секоја земја ќе симулираат воочување и следење на евентуалните севернокорејски балистички проектили и ќе споделуваат инормции“, се вели во соопштението на јужнокорејското министерство за одбрана.
Минатата седмица САД и Јужна Кореја ги изведоа досега најголемите заеднички воздухопловни вежби.