САД категорично ги поддржуваат европските аспирации на Украина

Покрај Брисел и Вашингтон ќе продолжи да му пружа помош на Киев на патот кон европска интеграција, изјави на брифингот претставникот на американскиот Стејт департмент, Мари Харф, пренесува „Интерфакс“.

„Продолжуваме да работиме во тесна соработка со европските партнери, за да и помогнеме на Украина да ги преземе неопходните чекори на патот кон европска интеграција. Од моментот во кој Киев доби независност во 1991 година, ние ги поддржуваме Украинците во изградбата на демократски институции и граѓанското општество“, изјавија од Стејт департментот.