САД конечно му издадоа виза на Лавров за учество на Генералното собрание на ОН

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и членови на руската делегација добиле американска виза за учество на генералното собрание на Обединетите нации, објавено е во вторникот по повеќедневните протести на Москва.

„Денеска му беше издадена виза на Лавров и на редица лица кои ќе го придружуваат“, соопштија од руската дипломатија.

Русија со седмици ги критикуваше САД, бидејќи не го одобруваше издавањето визи за шефот на руската дипломатија и делегацијата која треба да ги придружува на 77-та седница на Генералното собрание на ОН која почнува денеска во Њујорк.

Москва го обвини Вашингтон дека се обидуваат да го блокираат целосното учество на Русија на Генералното собрание и всушност да го блокираат руското гледиште за војната во Украина. Седниците на високо ниво започнуваат на 20-ти септември и ќе траат следните шест дена.

Како што објавија од Москва, очекуваат дека влезната документација ќе им биде издадена и на другите членови на руската делегација. Министерството, исто така, потсети на неопходноста за брзо решавање на прашањата за пристигнувањето на руските дипломати кои се појавиле поради нелегалните санкции од страна на САД.

Кремљ претходно во вторникот го обвини Вашингтон дека ги кршат своите обврски, поради молкот и неиздавањето визи на целата руска делегација и порача дека ќе бидат преземени мерки со кои САД, како земја која ја даваат својата територија на светската организација, ќе бидат повикани на одговорност поради предизвикување на ситуацијата без преседан во меѓународните односи.

Претходно рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја писмено се обрати до генералниот секретар Антонио Гутереш да ѝ укаже на американската страна на обврската да ги издаде визите за руската делегација.

Москва изминатите години честопати протестираше подари практиката на Вашингтон да го отежнува или се отфрла издавањето влезни вози за руските дипломати кои патуваат на седница во ОН.

Покрај тоа, останува нерешена и ситуацијата со конфискувањето на рускиот дипломатски имот во САД, ограничувањето на движењето за руските дипломати. Се потсетува дека според договорот меѓу ОН и Вашингтон, американските власти како земја домаќин не смеат да се мешаат во посетата на претставници на земјите членки на светската организација.