Челниците на двата дома на американскиот Конгрес го поканија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обрати на нивната заедничка седница.
Претседателот на Претставничкиот дом од Републиканската партија, Мајк Џонсон, испрати официјална покана до израелскиот премиер да се обрати во Конгресот во петокот. Таа е потпишан од четворица водечки републиканци и демократи од двата дома.
Чак Шумер, демократскиот челник на Сенатот, силно го критикуваше Нетанјаху за офанзивата во Појасот Газа, па дури и повика на нови избори во Израел, но и тој ја потпиша поканата за израелскиот премиер. Датумот на кој треба да се обрати израелскиот премиер во Вашингтон не е познат.
Покрај Шумер и Џонсон, поканата е потпишана и од водачите на малцинските политички групации во двата дома, демократот Хаким Џефрис и републиканецот Мич Меконел, пишува CNN.