Американскиот Когрес го усвои двегодишниот буџет и го проследи до претседателот Барак Обама, кој што треба да го потпише.
Буџетот е осмислен за да може преку него да се избегне уште една финансиска блокада на владата на САД каква што неодамна се случи, во исто време и да се ублажат острите ефекти од буџетското штедење.
Пратениците од редовите на Републиканците и Демократите го усвоиле буџетот и изразиле надеж дека со тоа ќе се избегне можноста за криза во иднина, како што беше неодамнешната блокада на финансиската активност на американската федерална влада на почетокот на октомври.
Преостанува уште буџетот да го потпише претседателот Обама, а Претставничкиот дом на Конгресот го усвоил минатата недела.