САД купуваат шест милиони барели нафта за резерви

Американската влада планира да купи до шест милиони барели нафта за стратешките резерви, бидејќи се обидува да ги искористи поволните цени и да ги наполни резервоарите, објави Reuters повикувајќи се на извор.

Доколку се спроведе планот, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе купи најмногу нафта во историјата на набавките за стратешките резерви.

Администрацијата сака да ги надополни резервите, бидејќи продаде дури 180 милиони барели во 2022 година, што е исто така најмногу во историјата, за да обезбеди снабдување откако беше поставен плафонот за цената на нафтата од Русија поради руската инвазија во Украина. Групата Г7 им се закани на осигурениците и превозниците со санкции доколку сервисираат трранспорт и продажба на руски барели поскапи од 60 долари. Меѓутоа, западните земји ги купуваат руските барели преку трети земји кои наводно ја преработуваат руската нафта.

Американската влада продавала барели по просечна цена од 95 долари за барел и сега ги полни своите резерви и досега купила повеќе од 50 милиони барели, соопшти Министерството за енергетика.

Администацијата на Бајден треба да објави јавен тендер подоцна во текот на денот за купување на уште шест милиони барели, со испорака до првите месеци од 2025 година, рече изворот, а добавувачите ќе ги достават до „Bayou Choctaw“ во сојузната држава Луизијана, една од четирите строго чувани локации каде складиште за стратешки резерви.

Резервите во федерална сопственост се чуваат во огромни подземни солени пештери на четири локации долж брегот на Заливот, според податоците на веб-страницата на Одделот за енергетика.

Министерството за новиот откупен циклус одреди цена од 79,99 долари за барел и одлучи да ја искористи можноста бидејќи барелот моментално на домашниот пазар чини нешто помалку од 72 долари. Цените се задржани поради загриженоста за побарувачката во последниве денови, засенувајќи ги прекините на производството во Мексиканскиот залив поради ураганот Франсин.

Така, цените во моментов се под нивото што го постави министерството, но може да се зголемат на краток рок поради конфликтот на Блискиот Исток и други фактори. Во април, поради зголемените цени, САД го откажаа купувањето.

САД моментално чуваат стратешки резерви од 380 милиони барели, главно „кисела“ нафта, со висока содржина на сулфур, бидејќи американските рафинерии главно се опремени за преработка на овој тип нафта. Највисоко ниво на резерви е забележано во 2009 година, кога изнесуваше 727 милиони барели.