САД „многу сериозни“ во однос на њујоршкиот сој на коронавирус

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп појавата на новиот сој на коронавирусот во Њујорк ја зема „многу сериозно“, изјави во понеделникот главниот медицински советник на Белата куќа, др Ентони Фаучи, зборувајќи за варијантата на SARS-CoV-2 која е откриена и во други земји, а во регионот најблиску во Хрватска во понеделникот беше потврдено неговото присуство.

Новиот сој на коронавирусот, кој научниците го означија со називот B.1.526, со голема брзина се шири во Њујорк и ја носи мутацијата којашто може да ја ослаби ефикасноста на вакцинит против Covid-19, пишува The New York Times.

Фаучи изјави дека новиот сој треба да биде „држен на око“, вклучително и можноста дека вирусот е во состојба да ја заобиколи заштитата која ја даваат вакцините и препаратите за елкување на Covid-19 со антитела.

„Го сфаќаме њујоршкиот сој 526 многу сериозно“, изјави на Фаучи на брифингот за новинарите во Белата куќа.

Американските здравствени власти се сѐ позагрижени дека новиот, изрзазено позаразен сој на коронавирусот, може да промени позитивниот тренд во САД и да го одложи закрепнувањето на нацијата од пандемијата.

Поради тоа, властите ги поттикнуваат граѓаните што поскоро да се вакцинираат, пред овој нов и поопасен сој да се прошири.