Американскиот Конргес ќе настојува да го ратификува приемот на Финска во НАТО пред летната пауза во август, изјави водачот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, во Халсинки по состанокот со финскиот претседател Саули Ниинисто, а Канада, исто така, вети брза ратификација.
„Се надеваме, секако, дека тоа ќе го сториме пред паузата во август кога Конгресот вообичаено не заседава“, изјави Мекконел во понеделникот за новинарите.
Претседателот Ниинисто во неделата му потврди на рускиот претседател Владимир Путин дека Финска ќе поднесе барање за членство во НАТО, што претставува историски политички пресврт по децениската воена неутралност, за што изговор е воеаната интервенција во Украина од страна на Москва којашто досега имаше добри односи со Хелсинки. И соседна Шведска планира пристапување кон Алијансата.
„Кора станува збор за бројот на гласовите, ќе бдие многу голем. Нема да биде едногласно, но ќе има многу голем број гласови“, рече Мекконел истакнувајќи дека неговата Републиканска партија е доследна за членството на САД во НАТО.
„Тоа апсолутно не е став на мнозинството во Републиканската партија, сигурно не на мнозинството меѓу републиканците во Сенатот и Претставничкиот дом“, одговори Мекконел запрашан во врска со своевремените закани на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп дека ќе ги повлече САД од НАТО.
Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли изјави во понеделникот дека Канада, исто така, го поддржува брзото пристапување на Финса и Шведска во НАТО.
„Нашата цел е да бидеме меѓу првите земји коишто ќе го ратификуваат пристапувањето на Шведска и Финска“, изјави Џоли по доаѓањето на состанокот со колегите од Европската унија во Брисел. Додаде дека на Канада ќе ѝ бидат потребни „само неколку дена“ за ратификација.