САД може да именуваат лице за затворање на Гвантанамо

Американската администрација „активно го разгледува“ повторното воведување на функционијата претениј за затворање на затворот во поморската база во заливот Гвантанамо на Куба, изјави во понеделникот државниот секретар Ентони Блинкен.

Затворот кој е формиран за странски лица по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година стана симбол на американската „војна против тероризмот“. Меѓутоа, стана и злогласен поради непремирните методи на испитувања за тероризмот, кои некои ги осудуваат како мачење, како и поради долготрајните затворања без подигнување обвиненија против осомничените.

Поранешниот демократски претседател Барак Обама издаде указ за затворање на затворот, но тоа излезе само „про-форма“ и тоа не се оствари во неговиот мандат, а указот го поништи неговиот наследник на должноста републиканецот Доналд Трамп.

Сегашниот американски претседател Џо Бајден, кој во мандатот на Барак Обама беше негов потпретседател, декларативно се изјаснуваше досега за затворање на Гвантанамо.

„Сакам да бидам сигурен дека одделот го има она што му е потребно, како во поглед на ресурсите, така и во персоналот, вклучително и некој кој може да се насочи целосно на тоа. Значи, ранотиме на тоа, да“, рече Блинкен на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Порано во затворот под управа на американската војска имаше 80 затвореници, кои подоцна беа ослободувани но депортирани во трети земји кои под притисок или други начини постигнуваа согласност со Вашингтон. Но некои изненадувачки во привте години по 2010-та беа ослободувани во земјите на нивното потекло, меѓу кои и некои подоцнежни лидери на џихадистичката Исламска држава. Во моментов во Гвантанамо се проценува дека останале само четириесеттина затвореници, од кои деветмина ќе бидат префрлени во други земји.