САД во четвртокот на својот блискоисточен стратешки партнер Саудиска Арабија му дадоа уште време за истрага по исчезнатиот новинар Џамал Кашоги кој од минатата 2017 година поради критиките на властите во Ријад замина во егзил и стана американски државјанин, а турските иследници го претресоа саудискиот конзулат во Истанбул по вторпат во потрага по траги, како што тврдат, неговото егзекутирање.
Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со државниот секретар Мајк Помпео, кој претседателот го запознал со поединосите од неговите разговори со саудиските и турските функционери за случајот на новинарот Џамал Кашоги, за кој постојат сомневања дека е убиен во конзулатот откако на 2-ри октомври последен пат е виден дека влегува во дипломатската мисија, но не и како излегува од неа.
По средбата со Трамп, Помпео изјави за новинарите дека со Саудијците јасно им дал до знаење дека САД го земаат овој случај „многу сериозно и со почитување кон господинот Кашоги“.
„Мене ми кажаа дека и тие ја разбираат сериозноста на исчезнувањето на господин Кашоги. Ме убедија дека спроведуваат комплетна и темелна истрага на сите факти поврзани со Каѓшоги, како и дека до одговорот ќе дојдат многу брзо“, појасни Помпео.
Помпео додаде дека му сугерирал на Трамп, Вашингтон на Ријад да му даде уште неколку дена да ја заврши истрагата, за целосно да се сфати она што се случило и по што би може да се носат одлуки за тоа како САД ќе реагираат во врска со случајот на Кашоги.
„Мислам дека е важно да знаеме дека уште од 1932 година имаме долго стратешко партнерство со Кралството Саудиско Арабија“, истакна Помпео.
Турските иследници сметаат дека Кашоги е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, како и дека неговото тело е исечено на парчиња и отстрането. Турските иследници рано утрото во четвртокот го напуштија саудискиот конзулат, откако повторно ја пребараа зградата и конзуларните возила, изјавил очевидец за агенцијата Reuter. Во истрагата биле користени силни рефлектори за да се осветли градината на конзулатот. Во првиот претрес, турската истрага заедно со саудиските колеги минаа девет часа во конзулатот.
Педесеет и деветгодишниот новинар од минатата 2017 година живее во егзил во САД, а Саудиска Арабија ја напушти по серијата критички текстовои на сметка на принцот бин Салман.
Кашоги е еден од најпознатите критичари на саудискиот принц кој ги покрена реформите кои ги поздравуваат САД и Западот, меѓутоа започна и пресметки со дел од монархијата, саудиски бизнисмени и особено со дисидентите во којашто се уапсени, многу активисти, интелектуалци и верски лица, посебно од шиитската заедници.
Како поранешен уредник на влијателниот весник al-Watan и на истоимениот телевизиски канал, Кашоги со години се сметаше за близок на саудиското кралско семејство и своевремено беше советник на повеќе високи функционери. Но по апсењата не неколку негови пријатели, откажана му е колумната во весникот al-Hayat и наводно е предупреден да престане да користи Twitter. Кашоги ја напушти Саудиска Арабија и замина во САД каде што објавуваше написи во The Washington Post и се појавуваше на арапските телевизиски канали во западните земји.