Соединетите држави изразија „длабока загриженост“ до израелската влада за воздушниот напад во најјужниот палестински град Рафах и повикаа на истрага веднаш штом ќе ги видат извештаите за инцидентот, соопшти во вторникот Стејт департментот, додавајќи дека Вашингтон внимателно ќе ја следи истрагата на Израел.
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека досегашните воени операции на Израел во Рафах не биле толку големи како оние што ги спроведувал во централните или северните делови на тесната крајбрежна енклава Појасот Газа. Администрацијата на претседателот Џо Бајден постојано го предупредуваш Израел да не започнува голема воена офанзива во градот на југот на Појасот.
„САД ќе продолжат да му ја нагласуваат на Израел својата обврска целосно да го почитува меѓународното хуманитарно право, да го минимизира влијанието на неговите операции врз цивилите и да го максимизира протокот на хуманитарна помош“, рече Милер.
Израелската офанзива во Рафах предизвика повторно изрази на гнев во меѓународната заедница откако воздушен напад во неделата предизвика пожар во шаторски камп во западната област, при што загинаа најмалку 45 луѓе. Израел тврдеше дека цел на напдот биле двајца високи оперативци на Хамас наводно во бегалскиот камп и дека немал намера да предизвика цивилни жртви.
Светските челници рекоа дека се ужаснати од пожарот во Рафах, хуманитарната зона каде што деситиците илјади раселени семејства побараа засолниште и каде што токму ги упативаше Израел.
„Длабоко сме тажни поради трагичната загуба на животи во Рафа во текот на викендот“, изјави Милер за новинарите.
Милер нагласи дека Израел не треба да изведува напади во областите каде што им кажале на луѓето да се движат, додавајќи дека Израел тврди дека тоа не се случило.
„Израел има право да ги цели терористите на Хамас одговорни за ладнокрвни убиства на цивили, а Хамас треба да престане да се крие зад цивилите во Газа. Сепак, Израел има обврска да направи сѐ што е можно за да ја минимизира штетата на цивилите додека ги спроведува своите операции“, додаде.
Портпаролот на Стејт департментот, исто така, рече дека хуманитарната ситуација низ Газа останува неверојатно предизвикувачка.
Американската потпретседателка Камала Харис изјави во вторникот дека „зборот трагичен не е доволен“ за израелски воздушен напад во кој загинаа Палестинци. Говорејќи на гала настан во Вашингтон, Харис не одговори на следното прашање за тоа дали нападите во Рафах ја преминале „црвената линија“.
Најмалку 40 лица загина во вторникот во израелски напади врз шаторски камп во зоната за евакуација западно од градот Рафах, соопштија здравствените власти во Газа, додека израелската армија го стационираше своите тенкови и оклопни борбени возила кон центарот на градот во најјужниот дел на палестинската енклава.
Службите за итни случаи во Газа објавија дека четири тенковски гранати погодиле група шатори во ал-Маваси, крајбрежна област што израелската армија им ја посочи на Палестинците како безбедна зона. Меѓу загинатите повеќе од половината се деца и жени, соопштија здравствените власти во Газа.
Израелската армија негираше дека го нападнала бегалскиот камп ал-Маваси во вторникот. „Спротивно на извештаите, израелските одбранбени сили не ја нападнаа хуманитарната област во ал-Маваси“, се тврди во соопштението на израелската војска.