Админитрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри можна продажба на оружје на Израел во износ од 735 милиони долари, а извори од Конгресот во понеделникот изјавиле дека не очекуваат противење на овој договор и покрај судирот меѓу Израел и „палестинските екстремисти“.
Истите извори, како што пренесува Reuters, наведуваат дека Конгресот на САД за коменрцијалната продажба бил официјално известен уште на 5-ти мај.
Според американскиот закон, по официјалното известување Конгресот во рок од 15 дена може да го изрази своето противење, коешто, и покрај најновата ескалација на израелско-палестинскиот судир, не се очекува иако демократите на Бајден претходно ги критукуваа политиките на неговиот републикански претходник Доналд Трамп за кои тврдеа дека го нарушуваат балансот на Блискиот исток.
Договорот во износ од 735 милиони долари се однесува на продажба на софистицирано, прецизно наведувано оружје. Американскиот закон му дозволува на Конгресот да се спротистави на продажба на оруќје, но во овој случај тоа е малку веројатно.
Силната поддршка за Израел е клучна вредност за демократските и републиканските членови на американскиот Конгрес, иако неколку членови на крајното лево крило на Демократската партија повикаа на поостар пристап кон владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Израле е една од само неколкуте земји во светот со кои Конгресот договорите за продажаба на американско оружје ги одобрува по забрзана постапка, а евентуалниот рок за приговор во овој случај би истекол пред законодавците да може да донесат резолуција за неодобрување на зделјата.