САД на Алјаска собориле објект колку помал автомобил

Американски борбен авион по команда издадена од претседателот Џо Бајден на голема надморска височина над Алјаска во близина на границата со Канада соборил објект со големина на помал автомобил, пренесува во петокот CNN повикувајќи се на Белата куќа.

„Министерството за одбрана го следеше објектот на голема надморска височина над воздушниот простор на Алјаска ви изминатите 24 часа“, изјавил за новинарите Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа одговорајќи за извештаите за уште еден сомнителен кинески балон над САД.

Според Кирби, овој објект летал на околу 12.000 метри надморска височина и „претставувал одредена закана за безбедноста на цивилниот воздушен сообраќај“.

„Од претпазливост и по препораки од Пентагон, претседателот Бајден на војската ѝ нареди да го собори предметот и таа тоа го стори“, рекол Кирби додавајќи дека ќе биде направен обид да бидат најдени остатоците од летечкиот објект.

Појаснил дека објектот бил „со големина слична на помал автомобил“, значително помал од соборениот балон, чијашто носивост одговарала на неколку автобуси.

Кирби истакнал дека сè уште не е можно да се утврди сопственоста и целта на уредот. Иствремено, додал дека САД сѐ уште не се подготвени да тврдат дека балонот што бил соборен над Алјаска се занимавал со собирање разузнавачки податоци. Исто така, Вашингтон не планира да бара контакти со Кина во заднината на овој инцидент, нагласил претствникот на Белата куќа.

Ова наводно соборување доаѓа на помалку од една седмица откако американски борбен авион собори кинески балон за кој Вашингтон тврди дека е шпионски а Пекинг дека е научен метеоролошки аеростат, кој ги прелета речиси целите САД.

Објавата доаѓа и во контекстот на жестоките критики за претседателот Џо Бајден во американската јавност, особено од опозициските републиканци дека со денови чекал да нареди соборување на кинескиот балон кој неговата администрација го означи како шпионско летало, обвинувајќи го делка покажал слабост кон Кина и дека во почетокот се обидел да го затаи нарушувањето на воздушниот простор на САД.

Балонот беше откриен според медиумите прв го забележал млад астроном аматер на 2-ри февруари, над сојузната држава Монтана во средата, каде што 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави се складирани во воена база на северот од оваа американска сојузна држава, а Пентагон соопшти дека претседателот наводно го одобрил уривањето истиот ден, но била направена безбедносна процена за заштита на населението.