![zeni sport](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zeni-sport.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп во средата објави дека ќе преземе низа активности насочени кон спротивставување на учеството на трансродовите девојки и жени во женскиот спорт, изјави претставник на Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба со која ќе им се наложи на федералните агенции, вклучително и Министерството за правда и Министерството за образование, да го толкуваат Главата IX, законот кој забранува полова дискриминација во образовните програми финансирани од федерално ниво, како забрана на трансродовите девојки и жени да учествуваат во женски спортови, изјави официјален претставник.
Белата куќа, исто така, ќе му наложи на Стејт департментот да ги разгледа барањата за виза за трансродовите лица за „измама“ и планира да го покрене прашањето на меѓународно ниво, вклучително и во Обединетите нации и во приватниот сектор, рече претставникот.
САД ќе ги искористат „сите свои овластувања и способности“ за спроведување на регулативата на настаните на Меѓународниот олимписки комитет на американска територија, рекол неименуваниот функционер.
Рекол и дека регулативата има цел да ги заштити девојчињата и жените во училиштата и истакнал дека имало илјадници поплаки од луѓе загрижени за интеграцијата на трансродовите спортисти во спортот.
Тоа одразува прецизно толкување на Главата IX, тврдејќи дека тоа е закон заснован на пол кој ги штити само луѓето кои се родени како женски, а не оние кои се родени машки а потоа биле подложени на операција или хормонска терапија, истакнал официјалниот претставник.
Администрацијата на Трамп е насочена кон правата на трансродовите откако ја презеде функцијата на 20-ти јануари. Трамп издаде извршен указ чија цел е негирање на легитимноста на трансродовите идентитети наложувајќи им владините службеници да зборуваат само за „пол“ наместо за воведениот од претходната администрација термин „род“ и прогласувајќи го полот за „непроменлива биолошка реалност“ што исклучува каква и да е промена на „родовиот идентитет“.
Други извршни укази се однесуваат на забрана на трансродовите лица да служат во војска и ставање крај на поддршката на федералната влада за здравствени бенефиции со финансиски потпомагања за извршување при промената на полот.
Додека поддржувачите му честитаат на претседателотот Трамп за исполнувањето на предизборните ветувања, критичарите тврдат дека Трамп наводно ги пречекорил своите извршни овластувања додека се обидува да ги ограничи правата на мало малцинство луѓе, кои сочинуваат 0,6 отсто од населението на САД на возраст над 13 години, според Институтот Вилијамс на Правниот факултет на UCLA. Притоа, нивните забелешки ги игнорираат неправдите и особено во спортот кои ги трпат жените од натпреварувачите кои го смениле полот, што резултираше во некои боречки дисциплини и со буквални претепувања.