![eni nafta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/eni-nafta.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Соединетите држави на италијанската нафтена компанија „Eni“ и на шпански „Repsol“ им дозволи наплата на долгот од Венецуела во нафта којашто во Европа најрано би стасала во јули за да ги замени руските барели поради кои ќе недостасуваат поради нафтеното ембарго на Европската унија против Русија наметнато под изговорот за нејзината воена операција во Украина.
Американското министерство за надворешни работи им испратило на „Eni“ и на „Repsol“ писмо во коешто им дозволува набавка на нафта од Венецуела и покрај американските санкции, рекле во неделата пет извори на агенцијата Reuters.
Двете европски компании воспоставија заеднички проекти со венецуелската државна нафтена компанија PDSVA, а со нафта можат да ги наплаќаат долговите и задоцнетите дивиденди, според соговорниците на агенцијата.
Клучниот услов, додал еден од нив, е нафтата да биде „пренесена во Европа. Не смее да се продава на други земји“.
Еден од изворите навел дека станува збор за не големо количество нафта, додавајќи дека овие испораки само скромно ќе влијаат на цените на нафтата на светските пазари. Поточно, нема да ја остварат целта да ги заменат руските барели кои САД и ЕУ сакаат да ги исклучат од светските пазари.
Од „Eni“ одбиле да ја коментираат американската дозвола, а од „Repsol“ и до понеделникот не одговориле на барањето за коментар.
Вашингтон ги одбил Франција и Индија
САД истовремено ги одбил дозволите за домашната нафтена компанија „Chevron“, индиската „Oil and Natural Gas“ и на француската „Maurel&Prom“, коишто во американските министерства за надворешни работи и за финансии, исто така, барале наплата на венецуелскиот долг во нафта.
Сите пет нафтени компании ги сопреа таквите трансакции кон средината на 2020 година поради политиката на „максимален притисок“ врз Венецуела, кој ја спроведе тогашниот американски претседател Доналд Трамп а ја продолжи неговиот наследник на должноста Џо Бајден.
Таквата политика го намали извозот на нафта од Венецуела, но не резултира со соборување на венецуелскиот претседател Ноколас Мадуро, кој ја има поддршката од Русија и до Кина.
Во мај годинава, пак, Бајден во настојувањата да му нанесе штета на нафтениот сектор на Русија и нејзините количества да ги замени со оние од Венецуела и Иран, кои исто така се под санкции на САД, на американската компанија „Chevron“ ѝ одобри преговори со владата во Каракас и PDVSA за работење во Венецуела, но засега нема резултати.
Речиси истовремено американското министерство за надворешни работи им испратило тајни писма на „Eni“ и на „Repsol“, порачувајќи им дека нема да го блокира обновувањето на некогашната програма за наплата на долгот во нафта и носење во Европа, рекол еден од изворите.
Желбата на САД – Европа наместо Кина
САД стравуваат дека поради отказот од увозот на руската нафта во Европа, што ќе повлече раст на цените и инфлација, можни се реакции на јавноста во западните сојузници и преиспитување на одлуката за нафтеното ембарго во услови на голема зависност од увозот до Русија и неможноста тие количества да бидат замените по пристапни цени.
Истовремено сака да ги пренасочи дел од испораките коишто Кина ги порачала од Венецуела. Во Вашингтон сметаат дека венецуелската компанија нема да има финансиска полза од таквите безготовински тргувања, што не може да се каже за продажбата на нафта на Кина, оценуваат соговорниците на Reuters.
Кина никогаш не ги поддржа западните санкции на Русија, како и Индија, и двете најнаселени држави на планетата продолжуваат да купуваат руска нафта и руски гас, и покрај притисоците од САД. Истовремено Кина стана и најголем купувач на нафта од Венецуела, со удел во извозот од дури 70 отсто.