Русија не може да им пристапи на своите девизни резерви во американските банки за да ги подмирува финансиските обврски, објави американското министерство за финансии во настојувањата на Москва да ѝ го отежне почитувањето на роговите плаќања на почетокот на седмицата.
Сопствениста на руската централна банка во американските банки беше замрзната набрзо по почетокот на руската офанзива во Украина на 24-ти февруари, но нивната евентуална употреба за плаќање на купонските камати да државните обврзници го одобруваше американското министерство за финансии.
Во понеделникот Русија требаше да плати поголема сума, вклучително и 552,4 милиони долари главнина, но САД на Москва ѝ ги блокираше пристапот до нејзините резерви.
„Русија сега мора да реши одлучи дали сака да продолжи да ги црпи преостанатите драгоцените резерви и новите приходи кои ѝ пристигнуваат или да се покаже дека како должник не може да ги намирува своите финансиски обврски“, изјави порптарокот на американското министерство за финансии.
Москва во понеделникот траба да плати и 84 милиони дилари купоноски камати на обврзницата која доспева на наплата за 2042 година.
Американското министерство го стопирало обработувањето на плаќањата во„JPMorgan Chase & Cou“, банката коресподент, изјавил за Reuters неименуван извор. Банката-коресподент ги обработува руските уплати на купонските камати испраќајќи ги во банката-исплатувач којашто ги распоредува парите на сопствениците на обврзниците во странство.
Русија има уште 30 дена рој да ги намири обврските кои ѝ доспеаја за наплата во понеделникот.
Кон крајот на минатата седмица Русија плати 447 милиони долари купонска камата на државната обврзница која доспева за наплата во 2030 година, што беше минимално петтата нејзина уплата од почетокот на украинската војна.