Пентагон во средата го најави новиот пакет воена помош за Украина во вредност од 175 милиони долари, вклучително и контроверзната муниција за тенковите „М-1 Abrams“ со осиромашен ураниум, кое предизвикува долгогодишно контаминирање на земјиштето.
Пентагон соопшти и дека воената помош ќе содржи противоклопни системи, сисеми за тактичка воздушна навигација и дополнителна муниција за ракетните системи со долг дострел HIMARS.
Според соопштението за медиумите, најавените испораки вклучувале муниција од 120 милиметри за 30-ината тенкови „Abrams“, кои не е познато кога ќе бидат испорачани. Како што е наведено, оваа муниција содржи јадро од осиромашен ураниум.
Осиромашениот ураниум е нуспроизвод на збогатување ураниум и се користи за муниција бидејќи неговата висока густина му овозможува лесно да навлезе во заштитниот оклоп. Осиромашениот ураниум се добива по изолирањето на изотопот 235 од него. Во однос на густината, тој е блиску до волфрамот, што овозможува да се користи во јадрата на проектилите за оклопни под-калибарски оружја, кои се помали по големина, но имаат многу поголем штетен ефект.
Радиоактивноста на осиромашениот ураниум е помала од онаа на природната руда, но, како и другите тешки метали, таа е токсична и може да доведе до екстремно негативни здравствени последици, вклучително и масивни онколошки заболувања.
Најавата се совпадна со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Киев, каде што допатува да ѝ искаже поддршка на украинската противофанзива започната на почетокот од јуни откако високи американски воени функционери ја критикуваа дека се одвива премногу бавно, без големи напредувања и со бројни жртви.
Помошта во вредност од 175 милиони долари е дел од поголем пакет со помошт поголем од милијарда долар кој Блинкен го најави во Киев. Исто така, вклучува и повеќе од 665 милиони долари вредна цивилна и воена помош и милиони долари поддршка за икраинската противвоздишна одбрана и други воени сектори.
Иако Обединетото Кралство испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина на почетокот на оваа година за тенковите „Challenger 2“, ова ќе биде прва американска пратка на таква муниција и најверојатно ќе предизвика контроверзии. Пентагон го објави ова по претходната одлука на Вашингтон да испрати касетна муниција опасна за цивилите во Украина.
Употребата на муниција со осиромашен ураниум е жестока дебатирана, а противниците, како што е Меѓународната коалиција за забрана на такво оружје, тврдат дека постојат опасни здравствени ризици од внесување или вдишување прашина од осиромашен ураниум, вклучувајќи рак и вродени дефекти.
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, пак, изјави дека гранатите испорачани на Киев „не претставуваат радиоактивна закана“. Вашингтон смета на муницијата за да им помогне на украинските вооружени сили „да бидат поефикасни на бојното поле“, додаде тој.
Како одговор на таквиот опасен чекор од страна на Британија, Москва и Минск се согласија да распоредат тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија. Како што објасни тогаш рускиот претседател Владимир Путин, тоа не ги прекршува меѓународните обврски, бидејќи Русија не го пренесува својот арсенал на соседна држава. Тој потсети и дека САД го прават истото веќе неколку децении.
Дополнително, новиот пакет американска воена помош вклучува „опрема за противвоздушна одбрана“, муниција за ракетните системи со долг дострел HIMARS MLRS, артилериски гранати од калибри 155 и 105 милиметри, како и минофрлачи и гранати од 81 мм за нив. Покрај тоа, Украина ќе биде снабдена со противтенковски системи TOW, Javelin и AT-4, над три милиона парчиња муниција за мало оружје, опрема за воздухопловна навигација, системи за „тактички комуникации“, експлозиви за надминување на пречките, резервни делови за претходно пренесените опрема и материјали за нејзино одржување.