САД: Националниот архив објави 13.000 документи за атентатот врз Кенеди

Националниот архив на Соединетите држави објави во четвртокот околу 13.000 документи поврзани со атентатот на претседателот Џон Фиццџералд Кенеди во Далас во 1963 година, настан кој го шокираше светот и кој до денес не е расветлен и поттикнува бројни шпекулации.

Меѓутоа, Белата куќа, под изговор за стравување за националната безбедност го блокираше објавувањето на дополнителни повеќе илјадни документи за ова досие, иако дел беше објавен уште во декември 2021 година.,

Според податоците на Националниот архив сега наводно се достапни 97 отсто од околу пет милиони страници документи.

Актуелниот американски претседател Џо Бајден изјави дека „ограничен“ број документи не може да бидат објавено. Појасни дека таа мерка е „неопходна“ за да се спречи нанесување штета на воените сили, разузнавачките операции, силите за воспоставување на редот и мирот или на надворешната политика.

Атентатот врз еден од најпопуларните американски претседателот на 22-ри ноември 1963 година во Далас, изнедри бројни теории на заговор врз основа на кои се напишани стотици книги и снимени многу филмови од кои највпечатлив е „JFK“ од 1991 година на режисерот Оливер Стоун.

Во 2017 година тогашниот претседател Доналд Трамп објави 2.800 дотогаш тајни документи од досието за убиството на Кенеди првпат откако Конгресот уште во 1992 година донесе закон според кој сите документи кои се однесуваат на поранешниот претседател треба да бидат објавени во рок од 25 години.