САД во изминатата година претставувале најголема закана за светскиот мир, покажуваат резултатите од испитуавње на јавно мислење во 68 држави во светот.
САД е на врвот на листата бидејќи 24 отсто луѓе веруваат дека САД се опасност за мирот во светот.
Интересно е дека антиамерикански став не е само регистриран во држави во кои е вообичаено, туку и во одделни земји-членки на НАТО како Турција и Грција.
Пакистан е на второ место со осум отсто гласови, потоа следи Кина со шест проценти. Четвртото место го делат Авганистан, Иран, Израел и Северна Кореја кои имаат по пет отсто гласови.
Глобалното истражување го спроведоа Светската независна мрежа и агенцијата Галуп.