САД прогласија 12 руски дипломати во Обединетите нации за „непожелни лица“ и им е наредено да ја напуштат земјата до 7-ми март, изјави во понеделникот на прес-конференција во светската организација рускиот амабсадор Василиј Небензја.
„Штотуку добив информација дека американските власти преземале уште една непријателска мерка против постојаната руска мисија во ОН, грубо кршејќи ги нејзините обврски како земја домаќин. Прогласија 12 лица од руската мисија за ‘персона нон-грата’ и побараа да ја напуштат (земјата) до 7-ми март“, ги инфомирше Небензја новинарите на прес-конференцијата, истакнувајќи дека станува збор за дипломати.
Коментирајќи ги искажувањата на земникот на постојаниот претставник на САД во ОН, Ричард Милс, Небензја рече дека Русија не е задоволна од американските објаснувања за основите за потерување на дипломатите.
Милс претходно изјавил дека „одлуката за којашто владата на САД денеска ја известила руската мисија (во ОН) е донесена целосно во согласност со договорот за седиштетот коешто САД го потпишале со ОН“.
„Дипломатите на кои им беше наредено да ги напуштат САД извршиле активности кои се надворе од областа на нивната одговорност и не ги исполниле своите обврски како дипломати“, изјавил Милс без да презицира кои се таквите активнисти.
„Незадоволни сме од објаснувањата коишто сега ни ги даде претставникот на Соединетите држави“, реле Небензја.
Оцени дека американското протерување на руските дипломати од ОН сигурно ќе биде проследено со соодветен одговор на Москва.
„Убеден сум дека одговорот ќе следува, бидејќи тоа е дипломатска практика (…) Тоа не е наш избор, ние тоа не го започнавме“, изјави Небензја и додаде дека „не е негово да решава“ каков ќе биде одговорот на Москва на ваквите чекори на американскит власти.