САД нареди итна евакуација на амбасадта од Авганистан и на граѓаните

Американските власти ги започнаа подготовките за итна евакуација на амбасадата во Авганистан, во случај талибанците да го преземат Кабул.

Некои земји веќе започнаа со повлекување на персоналот, додека САД и Турција преговараат за безбедносен план кој би го презеле за својот дипломатски персонал.

Евакуацијата треба да се реализира преку аеродромот во Кабул, но тој се наоѓа под контрола на Талибанците.

Според американското разузнавање, Кабул може да биде „прегазен“ за 30 до 90 дена. Тие ги предупредија своите граѓани веднаш да ја напуштат земјата, на секој можен начин.

И Германија им нареди на своите државјани итно да го напуштат Авганистан.

Висок функционер на американската амбасада неодамна за Си-Би-Ес изјави дека постои план за брза акција, доколку постои директна опасност за американските граѓани.

Талибански борци денеска беа видени како патролираат низ градот Газна, со што речиси целосно ги контролираат приодите кон престолнината Кабул.

Претходно, американскиот претседател Бајден издаде наредба сите американски воени единици да се повлечат од Авганистан до 1 септември. Неговата одлука беше проследена и од НАТО алијансата, која издаде наредба за повлекување на сите војници од мисијата на алијансата