САД не настојуваат да ги раскинат економските врски со Кина, тврди Рејмондо

US Secretary of Commerce Gina Raimondo speaks to the media and MIT administrators, faculty, and students

Соединетите држави мора да вложат повеќе напори за да бидат поуспешни во натпреварувањето со Кина, изјави американската министерка за трговија Џина Рејмондо, истовремено истакнувајќи дека Вашингтон не настојува да ги раскине врските меѓу двете најголеми светски економии.

Американската предност во конкурентноста со Кина се силните универзитети, милијардите долари на државното финансирање за производство на полупроводници и истражувања, како и силните сојузници ширум светот, истакна Рејмондо.

„И покрај сиве овие предности, а ги има многу, ефикасната конкурентност со Кина нема да биде лесна, ќе изискува напорна работа, од сите, не само од владата“, додаде Рејмондо во средата во нејзиното обраќање на познатиот универзитет MIT (Massachusetts Institute of Technology).

Притоа Рејмондo го изложи нацртот за новата стратегија за поуспешната конкурентност.

„Имаме намера да го зајакнеме нашиот систем за контрола на извозот, подобрување на механизмите за доверба на инвеститорите, зајакнување на отпорноста на нашиот синџир за набавки и развивање иновативни решенија како одговор на кинеската економска принуда и кршењето на човековите права“, рече Рејмондо.

Американската стратегија за контрола на извозот „предолго беше доста реактивна“ и „фокусирана на обидите на Кина да ѝ се оневозможи проширување на технолошките способности, откако обезбеди пристап до американската интелектуалната сопственост“, тврдеше американската министерка за трговија.

Во октомври министерството за трговија објави низа мерки за контрола на извозот, строго ограничувајќи ги кинескиот пристап до американската технологија за производство на чипови значително зајакнувајќи ги американските настојувања да го закочи технолошкото и воено напредување на Кина.

САД со своите сојузници работата на ограничување на извозот на алатките за производство на полупроводници и се надеваат дека сојузниците ќе „преземат чекори слични на нашите“, рече Рејмондо во вторникот за новинарите.

Холандската министерка за трговија Елизабет Лисје Схрајнемахер минатиот петок изјави дека се водат разговори со Вашингтон за новите ограничувања на извозот за опрема за производство на полуповодници во Кина. Под притисок на САД, холандската влада од 2018 година не ѝ го дозволува на „ASML Holding NV“, најголемата домашна компанија, извозот на машини за производство на полуроводници во Кина, бидејќи ја имале ознаката за „двојна намена“, што значи дека можат да бидат употребени и во воената сфера.

Новите ограничувања на извозот за производство во чипови ја надминуваат рамката на меѓународната дефиниција на опремата со двојна намена, напоменува Reuters.

Холандски „ASML Holding NV“, ги произведува машините во Европа, со малку американски делови но американската министерка за трговија на почетокот од ноември изјави дека очекува сојузничките земји, вклучително и Холандија, да ја следат политиката на САД.

Сега во говорот во средата Рејмондо порача дека „кога станува збор за најсовремената технологија до којашто Кина сака да се дограби за да ја употреби во воени цели…. тоа нема да го дозволиме“.

Кина жестоко ја критикува американската контрола на извозот на полупроводници чипови, посочувајќи дека тоа им нанесува штета и на нејзините компании но и на комерцијалните интереси на американските извозници.

Рејмондо во говорот на MIT, сепак, истакна дека САД „не настојуваат во која и да е форма да ги раскинат врските меѓу нашата економија и онаа на Кина“. „Мораме да продолжиме да работиме со Кина,“, оцени министерката додавајќи дека „трговијата со Кина ги поддржува работните места во Америка“.

Кинеската амбасада во Вашингтон во четвртокот не сакала за Reuters да ги коментира изјавите на Рејмондо.