Соединетите држави очекуваат ирански напад врз Израел, но таков што нема да биде доволно голем за да го вовлече Вашингтон во војна, изјави американски официјален претставник доцна во четвртокот за Reuters.
Белата куќа претходно соопшти дека Вашингтон не сака конфликтот да ескалира на Блискиот исток и дека САД му кажале на Иран дека не е вклучена во воздушниот напад врз депандансот во комплексот на иранската амбасада во сириската престолнина Дамаск во кој претходно месецов беа убиен неколку високи ирански воени советници.
Белата куќа соопшти дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за натамошна ескалација во регионот.