Советникот во Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон, изјави во средата дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не сака со санцкиите наосичени против иранскиот извоз на нафта да им се наштети и на државите кои зависат од оваа нафтрта.
„Сакаме максимално да ги притиснеме, но не сакаме да им наштетиме на пријателите и на сојузниците“, изјавил Болтон во текот на дискусијата во организацијата Hamilton Society.
Болтон рекол дека администрацијата сфаќа оти одреден број земји, особено оние кои се географски блиски до Иран и кои ги поселите мината седмица, како и други, „нема да можат да одад сосема до крај, веднаш до нула“ во намалување на набавките на иранската нафта. Болтон, кој е инако жесток заговрач на остар однос кон Иран и намалување на неговиот извоз на сирова нафта на нула, сега зборувал за санкциите со нешто поппомирлив тон.
Сепак, рекол дека во Иран последиците веќе се видливи, првенствено во падот на вредноста на националната валута ријалот. „Мислам дека е многу важно да не потклекнеме во своите настојувања“, смета Болтон.
Американската администрација размислува дали на 5-ти ноември, кога санкциите против Иран стапуваат на сила, некои земји кои го намалиле купувањето на иранска нафта, ќе бидат изземени од одмазнички акции на Вашингтон.
Инаку три од петте најголеми купувачи на иранската нафта, Кина, Индија и Турција, ги отфрлија повиците на САД целосно да го запрат купувањето на нафта од оваа земја. Оваа седмица и Јужна Кореја од американскиот државен секретар Мајл Попмео побара „максимална флексибилност“ околу барањето за изземање од одговорноста за да ги заштити своите компании од американски санкции. Други земји, пак, вклучително и Ирак и Авганистан, делумно зависат од иранската нафта. Од Белата куќа порачаа дека ќе го разгледуваат изземањето од санкциите „од случај до случај“.