САД не се враќаат во Отворено небо, за Русија тоа е политичка грешка што ја загрозува Европа

Соединетите држави ја известија Русија дека не се враќаат во договорот Отворено небо, што Москва го оцени како „политичка грешка“ на штета на безбедноста во Европа.

САД ја информирале ноќта кон петокот Русија дека нема да се вратат во дроговорот од отстапија ланскиот ноември обвинувајќи ја Москва дека наводно ги кршела одредбите од договорот, што руската страна категорички ги одбива и вината за тоа ја префрли на Вашингтон.

Како што објави агенцијата Associated Press повикувајќи се на свои извори, заменикот на шефот на Стејт демартментот, Венди Шерман го известила земеникот на шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков за одлуката на Вашингтон да не се вратат во договото Отворено небо.

Станува збор за уште еден потег на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден кој ги потврдува претходно преземените чекори од неговиот претходник Доналд Трамп, а коишто жестоко ги критикуваше.

Договорот „Отворено небо“ е меѓународен договор од 1992 година кој овозможува контрола и проверка на воените движења и мерките за ограничување на вооружувањето на земјите потписнички и дозволува невооружени надгледувачки летови над териториите на земјите потписнички.

САД истапија од Отворено небо во времето на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп и нивните европски сојузници се надеваа дека администрацијата на сегашниот претседател Џо Бајден ќе го врати Вашингтон во договорот.

Москва се обидуваше од другите држави потписнички, особено од западните земји во Европа, да добие гаранции дека разузнавачките податоци собрани на овој начин нема да бидат споделувани со Вашингтон, но досега не доби такви уверувања. Поради тоа на 19-ти мај, Долниот дом на рускиот парламент едногласно ја прифати одлуката за официјално повлекување на Русија од договорот „Отворено небо“. Сепак, Москва остави простор за враќање во рамките на договорот, доколку се постигне договор со Вашингтон и пред истекувањето на рокот за конечно истапување од спогодбата.

Во петокот заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва е разочарана, но не и целосно изненадена од американската одлука,

„Тоа сигурно не нѐ усреќува, разочарувачки е бидејќи САД пропуштија уште една шанса (…) позитивно да придонесат кон задачата за јакнење на безбедноста во Европа“, коментираше Рјабков, пренесува агенцијата ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин на 16-ти јуни во швајцарска Женева треба да се сретне со својот американски колега по должност Џо Бајен, а Рјабков предупреди дека одлуката на САД не создадал погодна атмосфера за расправата за контролата над вооружувањето.

„САД направија уште една политичка грешка, нанесувајќи му нов удар на европскиот безбедносен систем“, оцени Рјабков.

По руските коментари за одлуката на Вашингтон, се огласи Стејт департментот со соопштение во кое потврдува дека САД нема да се вратат во Договорот отворено небо, како и дека жалат за „руските прекршувања“.

„Како последица на тоа, по завршувањето на анализата на договорот, САД немаат намера да се обидат да се вратат во договорот, имајќи предвид дека Русија не презема никакви дејствија за да се врати кон негово сочувување. Покрај тоа, неодамнешното однесување на Русија, вклучително и во однос на Украина, не соодветствува на однесување на партнер посветен на мерките за градење доверба“, реагираше американската дипломатија.

 

За договорот

Договорот „Отврено небо“ го предложил уште во 1955 година тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер. Поптишан е во 1992 година, а неговата примена започна во 2002 година, од страна на 35 земји кои дозволуваат на невооружени трански летала надзор над нивната територија. Заедно со изготвување на Договорот за конвеционалните вооружени сили во Европа и Виенскиот документ од 1999 година, со стапувањето на сила на догворот „Отворено небо“, беше речиси заокружен процесот на градење доверба и транспарентност во сферата на конвенционалното оружје во евроатлантскиот регион.

Во практична смисла, овој договор им дава право на земјите потписнички да изведуваат набљудувачки летови над териториите на другите земји за следење на воените активности во согласност со договорените во него и договорените квоти на набљудувачките мисии. Договорот ги регулира летовите, го дефинира механизмот за следење на усогласеноста со договорот, содржи брања за типот на авионите, ограничувања во составот и техничките параметри на опремата за надзор.

Членки на договорот, покрај сега излезените САД и Русија, во моментов се Белорусија, Белгија, БиХ, Бугарија, Велика Британија, Грузија, Германија, Грција, Данска, Канада, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Исланд, Италија, Казахстан, Латвија, Литванија, Луксембург, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Хрватска, Шведска и Шпанија.