САД, кои седмицава треба да се повлечат од главниот договор за контрола на вооружувањато, ги отфрлија претходно во вторникот изнесените обвинувања од Русија дека планираат да се повлечат и од меѓународниот договор за забрана на нуклеарните тестирања.
Америкаснкиот амбасадор во Женева, Роберт Вуд, рече дека „руското кршење на договорите е веќе добро увежбан образец“.
„Морам да одговорам на лукавата советска пропагнада која претходно ги изнесе наш руски колега. Јасно кажавме дека ќе се придржуваме до мораториумот за тестирањата на нуклеарните оружја“, истакна Вуд.
САД и НАТО тврдат дека Русија за да го почитува договор за Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty), од кој Вашинготн треба да се повлече на 2-ри август, треба да ја уништи својата крстосувачка ракета кои тие ја означуваат со „SSC-8“, за која тврдат дека го крши договорот за забрени на копнените ракети со дострел од 500 до 5.500 километри. Според Москва, пак, од јуни 2017 година американската воено-индустриска корпорација „Raytheon“, во градот Тусон во сојузната држава Аризона, започнача програма за проширување и модернизација на производствените капацитети за изработка на проектили со среден и кус дострел.
Вуд порача дека од Русија зависело дали САД ќе се повлечат од договорот на 2-ри август, но и дека Москва јасно порачала дека нема намера да ги задоволи барањата на Вашингтон.
„Немаме причина да веруваме дека Русија ќе почне да го почитува договорот. Тие треба да се одлучат дали ќе се приклучат на постојната контрола на вооружувањето или не. Тоа зависи од нив“, додаде Вуд.
Рускиот дипломат Андреј Белоусов на конференција за разоружување рече дека САД планираат да се повлечат од Договорот за сеопфатната забрана на нуклеарните тестови (CTBT), а како изговор за тоа да ја обвинат Русија дека наводно не ги почитува нуклеарните договори.
САД, инаку, го потпишаа но никогаш не го ратификуваа од Договорот за сеопфатната забрана на нуклеарните тестови (CTBT),
„Се чини дека со пропагандата со лажни тврдења за рускоро придржување до договорот настојува да го подготви меѓународното мнение за повлекувањето на САД од CTBT и повторно да ја обвинат Русија за сѐ“, рече Белоусов.