Американското Министерство за правда заклучило дека треба да се откажат од кривично гонење на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, бидејќи во спротивно ќе мора да ги тужат и американските медиуми и новинари.
Формалата одлука, како што вели анонимен извор за весникот, формалната одлука за ова се’ уште не е донесена, но минимални се шансите Асанж да биде обвинет бидејќи на Интернет објави воени и дипломатски документи за кои што имало ознака „тајно“.
„Доколку Асанж биде обвинет, мора да бидат обвинети и новинарите“, објаснил за „Вашингтон пост“, поранешниот портпарол на Министерството за правда, Метју Милер.