САД нема веќе да покрива 28,5 отсто од трошоците на мировните мисии

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли изјави вчера дека САД нема веќе да покрива 28,5 отсто од трошоците на мировините мисии на ОН за кои годишниот  буџет е  7,3 милијарди долари, пренсува АП.

Тоа го изјавила во текот на дебатата во Советот за безбедност за реформи на мировните мисии.

АП потсетува дека САД се најголем финансиер на 15 мировни мисии низ светот и дека администрацијата на престседателот Доналд Трамп од порано се жалеше дека буџетот, како и американскиот удел во него преголеми.

Се наведува дека на инсистирањее на Вашингтон сегашниот буџет е намален за 570 милиони долари во однос на минатата година.
Хејли рекла дека САД ќе работат на тоа да обезбедат намалувањето на американскиот удел во давачките да биде направено на чесен и чуствителен начин кој ги заштитува мировните мисии.