Соединетите Американски Држави немаат вистински претседател и немаат „подолго време“, вели основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск.
Во однос на политичкиот дебакл на американскиот претседател Џо Бајден во дебатата со поранешниот лидер Доналд Трамп, Маск на X објави порака од друг корисник, со скриншот од мислењето на Њујорк Тајмс, со наслов „Дали на Америка и треба претседател?“
„Вистинско прашање… бидејќи очигледно немаме веќе подолго време“, напиша Маск.
Real question … since we obviously haven’t had one for a while lmao https://t.co/NsyAROCW8a
— Elon Musk (@elonmusk) July 5, 2024
Самиот текст од Њујорк Тајмс, полемизира со други автори за улогата на претседателот во американското општество, за тоа дали дисфункционалниот претседател може целосно да биде заменет со други во извршната власт, влијанието што го има таков „лидер“ за одлучување и одговорност и други теми.
Авторот на текстот, Рос Даутат, долго пред катастрофалната дебата посочуваше дека Бајден „треба да биде сменет бидејќи би било неверојатно опасно да се има таков претседател во Белата куќа во следните четири години – и не само затоа што демократите стравуваат дека може да загуби од Трамп во ноември.