Соединетите држави и Европската унија постигнале договор по повоќегодишниот спор околу специјалниет американски царини на увозот на челик и алуминиум, соопштија во саботата вечерта највисоките американски трговски функционери на самитот на Г20 во Рим.
Постигнувањето на договорот го објавија американската министерка за трговија Џина Рајмонди и трговската преставничка Кетрин Таи на маргините на состанокот на врвот на 20-те најголеми светски економии кој се одржува во сабота и недела во италијанската престолнина.
Со тоа е решен еден од најголемите спорови во односите меѓу традиционалните трансатлантски партнери, изјаив Џејк Саливан, советни за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.
Според начелниот договор, Европската унија ќе може без царина да извесува одредени количества метали во САД, појасни Рајмондо.
Европската комисија засега не ги коментираше овие најави.
Трговскиот спор започна во 2018 година во мандатот на претходниот американски претседател Доналд Трамп, кога воведе посебни царини на увозот на челик и алуминиум, објаснувајќи ги со „интерес за националнате безбедност“ и одговарајќи на одредени намети од страна на ЕУ и повластени стапки за европските возила во САД а високи царини за некои американски производи.
Брисел одговори со царини на други американски производи како што се фармерки, виски, мотори и путер од кикирики, сметејќи дека не е веродостојно образложението на Трамп и оценувајќи дека има цел да се заштити американското стопанство од несаканата конкуренција.
Следеше серија царини за други важни производи од водечките земји во ЕУ. Возвратните царини на ЕУ на американски производи требаа да бидат зголемени пред крајот на годинава, појасни Рајмондо а што сега се избегнува со овој договор.
Во јуни годинава ЕУ и САД веќе ги укинаат казнените царини на производите како што се авионите, виното и кечапот до 2026 година.
Сега договорот би требало да овозможи и мирно решавње на спорот околу државните поткрепувања со помош американскиот произведувач на авиони „Boing“ и на неговиот еврпски конкурент „Airbus“, поради што Светската трговска организација (СТО – WTO) и на двете страни им овозможи воведување на казнени царини во висина од повеќе милијарди.
Истовремено, додаде Рајмонд ќе биде осигурано во САД да не може да се увезуваат производи од челик или алуминиум од ЕУ коишто потикнуваат од Кина. САД го обвинуваат Пекинг дека ја субвенционира домашната индистрија и создава нелојална конкуренција со вештачки ниски цени.