Американското министерство за правосудство подигна обвиненија против украински и руски државјанин поради хакерсју напад врз американска компанија, а САД запленија шет милиони долари исплатени поради кибернетичко изнудување.
Јарослав Васински, 22-годишен Уркаинец уапсен во октомври во Полска, ќе одговара пред американското правосуство поради користење на изнудувачки софтвер, тк, „рансомвер“ во група наречена „RЕvil“, пто американски компании ги чинел милиони долари.
Нападот на Васински „заразил“ 1.500 компании ширум светот, се наведува во обвинувањето поднесено во американската сојузна држава Тексас,
Исто така, за измама и перење пари, меѓу другото, обвинет е и 28-годишниот руски државјанин Евгениј Полјанин, кој исто така управувал со „RЕvil“.
„Кобернетичките напади на Полјанин со изнудување погодија многу компании и организации во Соединетите држави …Полјанин успеа да собере вкупно 13 милиони долари од своите жртви“, изјави на прес-конференција државниот обвинител Мерик Гарленд и додаде се успеало 6,1 милиони долари од вкупната сума да му бидат конфискувани.
Американското министерство за финансии објави дека двоецот кој бил ставен на листата за санцкионирани индовидуи, преку уцени примил повеќе од 200 милиони американски долари во криптувалутите Биткоин и Монеро. Се додава дека латвиската и естонската влада биле вклучени во истрагата.
Васински и Полјанин се обвините за кибернетички упад и заговор со цел да се изведе хакирање и перење пари, а Васински за кибернетички изнуди по вкупно 11 точки од обвнинениет. Една од жртвите била компанијата „Kasea“ во којашто биле заразени 175.000 копјутери.